15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во гостиварско, приредувал игри на среќа без лиценца

Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Управата за јавни приходи, извршиле контрола во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на Е.Џ.(32) .

При контролата како што информираат од министерството за внатрешни работи, било констатирано дека во објектот, без лиценца, нелегално се приредуваат игри на среќа, поради што времено му била одземена целокупната опрема за приредување на игри на среќа.

„По расчистување на случајот, против Е.Џ. ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

C +

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

C +

Утрово, нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

C +