Ако порано попишувачи мораа да бидат членови на сега опозициската ДПМНЕ, сега може да бидат сите:
Фејсбук статус на СДСМ:
🤚Стоп за партиските блокади на Мицкоски!
🚩Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра македонска иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика.
Потребни се попишувачи кои ќе се пријават на јавен, отворен, транспарентен и државен повик.
Ги повикуваме и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го споделат овој повик и сите следни повици поврзани со пописот. Конечно, Мицкоски и ДПМНЕ да се откажат од блокадите, да ги повикаат граѓаните да се попишат, наместо да коваат планови за бојкот за кои и самите знаат дека нема да им успеат.
Огласот е државен, секој има право да се пријави, секој може и треба да го промовира.
Повеќе информации за конкурсот 👇
https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/Konkurs-Popis2021.pdf