Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каде е Сашо Мијалков? – Врие полиција пред неговиот дом

Каде исчезна Сашо Мијалков, кому попладнево според извештаите на медиумите му беше одреден куќен притвор, во пресрет на пресудата за предметот Таргет Тврдина.

Полицијата, откако беше распишана централна потерница по Мијалков, вечерва е присутна пред неговиот дом.

Неофицијално полицијата го бара и на повеќе локации.

Засега нема информации дали Мијалков е во државава или побегнал. Појасно ќе биде во утрешниот ден, но да се потсетиме дека есента во 2018-тата година избега Никола Груевски, откако беше осуден на двегодишна казна затвор за случајот со купувањето на блиндираниот мерцедес. Груевски кон крајот на 2018-та доби азил од Унгарија, каде живее до ден денес, а против него се водат неколку судски постапки.

Можеби ќе ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

ДЕСК

Обвинение за организација на борби со кучиња

ДЕСК

Уапсен пијан возач – полицијата го однесе во станица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.