24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 6.200 фирми се затворија, а фирмата на министерот Љупчо Николовски го зголеми профитот

„6.200 фирми затворија за една година. Лошите економски политики и слабите и неразвојни мерки ја опустошија економијата, а фирмата на братот на Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2.100 отсто. 55.000 луѓе ја загубиле својата работа, а фирмата на братот на Николовски бележи вртоглави профити како да ја измислила вакцината против Ковид-19“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, како е можно во време на пандемија фирмата на Николовски да бележи раст на профитот од 2.100 отсто? Дали овие вртоглави суми се постигнати преку зделки со државата или други компании што мораат да работат со фирмата на братот на вицепремиерот.

„Дали зад големите профити се крие корупција, во која е вмешан човекот со функција против корупцијата?! Љупчо Николовски молчи и крие за фирмата на братот, а јавноста чека одговори. И додека фирмите на граѓаните пропаѓаат, а десетици илјади ги губат своите работни места, СДСМ создава втор клан, по кланот Заеви, го имаме кланот Николовски. На мафијашкото работење набргу му доаѓа крајот“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.