Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја делови на Карпош и Чаир

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во градот Скопје. Во периодот од 7.40 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од с. Бардовци (општина Карпош).

Во периодот од 10 до 15 часот струја ќе немаат корисниците на дел од булеварот Македонско-косовска бригада (објектите околу „Арена петрол“), дел од улицата Стојко Јовановски, дел од улицата Лазар Личеноски, дел од улицата Пере Тошев (објектите околу „Арена петрол“), дел од улицата Славеј Планина, дел од улицата 380 (објектите околу „Арена петрол“), улицата Максут Садик, улицата Прохор Пчињски (општина Чаир).

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Објавени улиците за планираните прекини

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК