25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен албански државјанин, со 50 евра сакал да поткупи полицаец на граница

Полицијата приведе албански државјанин поради обид за поткуп на полициски службеник на граничниот премин Блато.

Според информациите на МВР, денеска во 13:10 часот на граничниот премин Блато, на влез во Македонија, полициски службеници го привеле А.Г.(43) од Албанија. При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде поткуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете.

А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.