25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Казнети 178 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 39 за управување со брзина поголема од дозволената, 3 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 11 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 2 за некористење на сигурносен појас,2 мерки што ги чинат пешаците и 68 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.