26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Нема да има парламентарни избори со локалните, пописот ќе се спроведе до 21 април

Премиерот Зоран Заев ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентрни избори заедно со локалните, а нагласи дека пописот, дефинитивно, ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Според Заев, дебата за пописот се води од 2012 година и повеќе нема потреба од дебатирање на оваа тема. Попис треба да се одржи што е можно побргу, дециден е Заев.

„Доста беше дебатирање, дајте да седнеме да го завршиме тој попис. Ниту ќе смени нешто во државата, ниту ќе скрати ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или што и да било. Ќе даде статистички податоци, кои се многу важни за идното планирање во државата“, рече Заев.

Премиерот додаде дека обрска на секој граѓанин е да се попише и најави санкции за граѓаните што нема да сакаат да се попишат.

Тој ги повика граѓаните, институциите и граѓанските огранизации на сериозен пристап кон пописот.

Во однос на изборите на кои инсистира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека нема да има парламентарни избори заедно со локалните. Тој ги повика партиите кои сметаат дека има потреба од предвремени избори да се изјаснат јавно.

„Завршија изборите и изгуби ВМРО -ПМНЕ. Зошто сега повторно да одиме на предвремени парламентарни избори? Затоа што така мисли Мицкоски? Не, нема потреба да одиме, нема причини зошто да одиме“, рече Заев.