25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Врнежи од снег со променлив интензитет насекаде низ Македонија – Каква е состојбата вечерва на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ:

Од 18:20 часот укината е забраната на сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга и обратно, сообраќајот е нормализиран.

Од 18:08 часот укината е забраната на Стража, сообраќајот е нормализиран.

Од 13:30 часот укината е забраната за движење на товарни возила на планинскиот превој „Барбарас“.

Од 13:30 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан.

Од 13:00 ч се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.

ЗАБРАНИ ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА:

На патниот правец Р2248 помеѓу с.Ранковце и с.Герман поради обилни врнежи на снег е воведена забрана за сите видови моторни возила.

ЗАБРАНИ ЗА ТТВ (воведени од 13.02.2021):

На планинскиот премин Плетвар има забрана за тешки товарни возила.

Од 08.30 часот на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18:10 часот се воведува забрана за ТТВ на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

УПОТРЕБА НА ЗИМСКА ОПРЕМА: На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.