По завршувањето на церемонијата на граничниот премин Табановце, премиерот на РСМ Зоран Заев и претседателот на РС Александар Вучиќ беа на ручек во винарија на периферијата на Скопје.
Заев како благодарност на Вучиќ за донираните вакицни од Фајзер, му подари икона со ликот на Свети Пантелејмон.
„На претседателот Александар Вучиќ му подарив икона од светецот Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштените“, напиша Заев на Инстаграм.