Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Ексклузивно видео и фото) Заледено Преспанско Езеро – Снегот надеж дека водата повторно ќе се врати

Врнежливото време од снег и дожд изминатиов период е зрак надеж дека водата во Преспанското Езеро ќе се врати.

Денешните фотографии и видеа направени од Centar.mk покажуваат дека малите “езерциња” покрај брегот кои се појавија со повлекувањето на езерото подмрзнаа од ниските температури, а плажите се покриени со снег.

Во изминатиот период забележано е минимално враќање на водата во езерото, кое минатото лето беше драстично повлечено.

Доколку продолжи врнежливото време во следниот период, на пролет би требало да се почуствува значително враќање на водата во езерото и поради топењето на снегот на планините Галичица и Баба кои го опкружуваат второто по големина природно езеро во Македонија.

Погледнете ја ексклузивната галерија од фото и видео, кое ја подготви тимот на Centar.mk за Вас.

 

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Владата го поддржува развојот на електронската трговија – преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија

ДЕСК

Ангелов во Париз на состанок на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ

ДЕСК

Средба на претседателот Гаши со досегашните претседатели на Собранието

ДЕСК