Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади им се исплати вкупно 550.741.044 денари.
Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за одржување лозови насади“ како и „директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки.
„Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот Свети Трифун кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно грозје и вино. Наше е да обезбедиме поволни услови и средства кои ќе помогнат во намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат сè од себе да произведат квалитетно грозје од кое ќе може да се произведе и добро вино“, информира директорот Бачовски.
Сите кои се стекнале со право за користење финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција ги добиваат средствата кои им следуваат, додаваат од агенцијата.