Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени тројца крадци во Кисела Вода

Полицијата приведе три лица осомничени за кражби во Кисела Вода.

Вчера бил приведен В.З.(20) од Скопје, поради сомнение дека на 16.11.2020 извршил тешка кражба во обид во склад на бул. Борис Трајковски. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Вчера биле приведени и Е.У.(34) и Р.У.(47), двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле кражба во куќа на ул. 1439 во Скопје. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во разговор со полициски службеници го признале делото.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 161 амандман само за општините – за градинки, водоводи, локални патишта и домови за стари лица

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Денеска до 24 степени, вечерва локален дожд

ДЕСК

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК