17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тажна вест: По компликации од коронавирусот почина познатиот македонски музичат Ице Атанасовски

Познат македонски музичар почина по компликации од коронавирусот, а вестта за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи.

„Познатиот музичар-саксафонист, нашиот драг и ценет пријател Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со коронавирусот“, објавија на социјалните мрежи неговите роднини и колеги.

Музичарот претходно го прележал Ковид-19, но по некое време му се појавиле компликации со здравјето, како резултат на вирусот.

Неговите колеги и пријателите со неверување се простуваат од Атанасовски на социјалните мрежи.

Ице Атанасовски е роден 18 ноември 1978 година во Битола и до пред некоја година беше член и на групата „Модус“.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +