Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на Гази Баба ја уапсиле Б.М.(34) од Скопје, поради тоа што се барала по распишана централна потерница од Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од две години и шест месеци за извршени кривични дела тешка кражба, кражба и запуштање и малтретирање на малолетно лице.
Од страна на полициски службеници, Б.М. била спроведена во Казнено-поправен дом Идризово.