11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за прилепски дилери на дрога кои пет месеци продавале марихуана, кокаин, хероин и амфетамин

Прилепското сновно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против четири лица, за кои постои сомневање дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари годинава, неовластено набавувале, пренесувале, држеле и продавале марихуана, кокаин, хероин и амфетамин.

Тие откако ќе ја набавеле дрогата, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали пакувања.

По меѓусебни телефонски разговори, прво и второосомничениот неовластено продавале и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на дрогата во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата.

Судијата на претходна постапка на осомничените им определил мерка притвор со траење од 30 дена.​​

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +