„Големата лага во низата на лаги на Зоран Заев ја разобличи Заменикот претседател на владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.Конечно некој имаше доблест да признае дека вкупниот износ на мерките е 350 милиони евра и со тоа се докажа дека 1 милијарда и 200 милиони евра помош за граѓаните и стопанството е само во главата на Зоран Заев и на малкумина негови послушници“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, партијата уште со носењето на вториот ребаланс укажала дека помошта за 2020 година нема да биде поголема од 350 милиони евра, што се докажа како точно.
„Како одговорна опозиција уште на самиот почеток кажавме дека владата треба брзо да реагира и да обезбеди средства со цел да му помогне на стопанството при што потпишав над 1 милијарда евра кредити кои требаше да завршат во стопанството. Власта да не се скрие зад Собранието, парите од еврообврзницата стигнаа во јуни кога се издаде еврообврзницата со најголем износ во историјата на македонската економија. Имаа и вонредна состојба, нели за тоа беше прогласена?
Дали е ова најголемиот доказ дека владата иако ги имаше сите механизми да му помогне на стопанството и населението, во тоа време беше фокусирана како да обезбеди поткуп на гласачи, а стопанството беше во втор план. На дел од населението му дадоа еднократна помош, но затоа денес тоа исто население има поскап живот, поскапе струјата поскапе лебот, поскапеа сите продукти потребни за преживување, секој ден гледаме по различни општини како се носат одлуки за поскапување на водата. Вака ли го помогнаа населението кое допрва ќе се соочува со потежок живот поради порастот на цените на сите продукти?Лошото за Македонија допрва доаѓа. Буџетот не се поли согласно проекциите, наплатата е помала, фирмите имаат проблем со ликвидност, сега се уште имаат одложени отплати на кредити, но денот кога ќе треба да почнат да враќаат ќе дојде, додаде таа.
Димитриеска Кочоска вели дека треба да се забрани вработување во јавната администрација (онаа која беше преполнета во 2016) се трошат десетици милиони евра за ова. „Се расфрлаат пари за непродуктивни цели. Државата наместо да внимава како троши, троши расипнички.Банките во Македонија се изложени на историски највисоко ниво кон државата од рекордни 450 милиони евра позајмени пари на државата само за 2020 а кон стопанството 250 милиони евра.
И покрај сите пари кои владата ги зема и го зголеми јавниот долг за 1 милијарда евра, за стопанството и населението издвоија 350 милиони евра.И за крај прашувам, ако СДСМ вели дека помошта која што ја дале на стопанството е 1 милијарда и 200 милини евра, а Фатмир Битиќи вели 350 милиои евра каде завршија оние 850 милиони евра?“, додаде таа.