Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Грција се отвора за српските туристи на 15 мај – Дали и Македонците ќе може да одат на одмор кај нашиот јужен сосед?

Во Грција стигаат информации за скорешно отворање на границите и за туристи од Балканот, а тамошните медиуми известуваат дека наскоро ќе се потпише меморандум за разбирање со Србија со кој ќе се регулираат патувањата меѓу двете земји од 1 мај до 1 октомври.

Во документот се предвидува взаемно признавање на електронските сертификати за вакцинација Covid-19 за патувања меѓу двете земји.

„Ова ќе овозможи влез на вакцинирани граѓани од двете земји без ограничувања, додека негативен ПЦР тест или тест за антиген ќе биде задолжителен за невакцинираните граѓани. Исто така, на границата ќе бидат спроведени случајни брзи тестови “, рече српската министерка за туризам, Татјана Матиќ, која за прв пат објави детали од договорот.

За мнозинството државјани надвор од Европската унија сè уште не е дозволено во Грција во моментов.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +