Од вечерните часови во западните делови ќе започнат врнежи од дожд кои утре ќе се прошират насекаде, понекаде во планинските региони и особено на југоистокот ќе има услови за појава на грмежи и наместа особено на запад врнежите ќе бидат поројни.
Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).
Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа).
Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.