25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Разбојници од Прилеп од два стана во Струмица украле предмети вредни над милион денари

Прилепската полиција во текот на вчерашниот ден привела три лица поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби.

Врз основа на судска наредба биле извршени и претреси во домовите М. Т. (27), М. Д. (29) и Д. Е. (20), сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети што потекнуваат од кривичните дела.

Тројцата прилепчани се сомничат дека се извршители на две кривични дела тешка кражба извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на погоден алат одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети, со што стекнале противправна корист од 1.277.030 денари.

Во текот на денешниот ден лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.