Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Одобрени 2.009 барања за бескаматни кредити во вредност од 23 милиони евра

Со кредитната линија „Ковид 3“ одобрени се 2.009 барања за бескаматни кредити во вредност од 23 милиони евра, истакна на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

Таа оцени дека во време на здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, продолжуваат со поддршка на сите погодени од корона-кризата преку владините економски пакети.

„Нови 733 кредитни барања се одобрени преку Развојната банка од третата бескаматна кредитна линија со грант компонентна, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Досега се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај одобрените претпријатија вработени се вкупно 15.197 граѓани“, истакна Георгиевска.

Како што додаде, со оваа кредитна линија поддржани се 1.123 мали компании, 741 микрокомпании, вкупно 106 трговци поединци, а 39 кредитни барања се одобрени за занаетчиите.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК