27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Ние не се луксузираме, ние за плата ќе испорачаме резултати

„Оваа недела разгледувавме предлог одлуки и уредби поднесени од мојот кабинет, после навистина долго време ставаме ограничување на привилегиите на функционерите. Ние сме дојдени за плата да испорачаме резултати, не сме тука да се луксузираме. Ние дури покренавме кривични пријави за претходниците кои се луксузирале со народни пари, ама нема ефект уште од тоа. Порано се купуваше облека, се вадело кеш, се пазарело во маркети, без никој да одговара за тоа. Сега ги унифицираме правилата колку трошоци за репрезентација може да потроши одреден функционер, што е тоа репрезентација, колку може да чини еден прием, еден ручек…. Исто така, ги анализираме и можностите за намалување на користиење на службените возила.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, на телевизија 21.