31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски најави нов фронт: Дрвокрадците имаат логистика од некои вработени во институциите

Токму денеска имавме состанок со сите преставници на институции кои може да се вклучени во проблемот со нелегалната или дива сеча на дрва. Разговаравме со директорот на Биро за јавна безбедност, луѓе од шумската полиција, преставници на Национални шуми, и едногласно заклучивме дека мораме да го менуваме системот и истото како и во другите сфери, после години и после децении се презема нешто… Каква било акција, како досегашните, не дава соодветен резултат, криминалните структури имаат поддршка од внатре, затоа мора да се испита потекло на имот на шумските полицајци, на вработени во Национални шуми, и секако дека ќе го работиме ова. Пред Владата ќе излезме со нов план за трансфромација на претпријатието за шуми, јакнење на капацитетите на инспекторатите, меѓутоа и воспоставување нов систем во кој не се можни злоупотреби.“- изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, на телевизија 21.