24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

УЈП објави имиња на фирми и луѓе кои должат за данок – Долгата листа е достапна онлајн

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2021 за долгови доспеани до 30.09.2020 и неплатени до 31.12.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

-повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Листата на должници е достапна на следниот линк.