25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Не се исполни очекуваното производството на вакцини, од февруари започнуваме со имунизација

„Оваа тема со вакцините го окупира светот, па и нас, целиот Западен Балкан каска во овој процес, освен Србија, која не е членка на НАТО и е отворена кон Кина и Русија, па од таму полесно ги набавува. Ние сме членка на НАТО и се држиме кон западните земји, но нашите граѓаните се информирани за се што сме направиле, и преку системот на Ковакс, и преку договорите со Фајзер, па дури и нашето транспаретно барање помош од соседите и пријателските држави. Повторувам уште еднаш, за една недела ќе знаеме што ќе добиеме преку Ковакс, морам да изразам и разбирање, како и критики што сум давал, не се исполнија очекувањата на прозиведени количини вакцини на Фајзер, државите добија само 12 отсто во правата тура, во втората уште помалку, и затоа не може да се споделат најавените пет проценти за Западен Балкан. Очекувам дека низ февруари ќе стигнат првите вакцини од Фајзер.“- изјави премиерот, Зоран Заев, во емисијата Трилинг, на телевизија 24.

Во врска со осумте илјади вакцини кои Србија најави дека ќе и ги отстапи на Северна Македонија, а за кои во јавноста се појави дезинформации околу нивната регистрација, Заев истакна дека за неколку дена тие вакцини ќе пристигнат, но дека регистрацијата е процес кој се одвива откако вакцините ќе стигнат, а не претходно.

„Централата на Фајзер за Југоисточна Европа е во Белград и затоа тие добија порано. Јас сум во контакт со Брнабиќ и со Вучиќ и во координација со нив објавивме што сме договориле, првите вакцини, очекувам да пристигнат деновиве, за да започне имунизацијата барем кај вработените во здравството. Кога вакцината прв пат влегува во секоја земја таа се регистрира, не се прави прво регистрација, па да стигнат вакцините. Очекувам секој момент да добиеме позтивна вест дека тие 8 000 вакцини ќе ги имаме наскоро., Ние сме подготвени, и со фрижидерите, брз разлика на која температура, го имаме спремно системот, и ќе одиме со вакцинација според распоредот од Министетрство за здравство, прво здравствените работници, па хронично болните, па возрасните, па потоа според утврдениот систем. Министрите на двете држави се во координацијаа а двете држави преговараат во Њујорк за да се добие одобрение и од производителот.“- изјави Заев.