12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Бајден го познава Балканот, со САД имаме милионски енергетски проекти

„САД отсекогаш не поддржувале и така ќе остане без разлика кој е претседател. Но, сега сме членка на НАТО и очекуваме повеќе. Преку сите наши контакти кои ги имаме и на високо ниво, сакаме да иницираме поголем економски фокус од нивна страна. Се случија неколку американски инвестиции, како Дура, КФЦ, Магна, која е американско- кандаска компанија, но тоа не е доволно. САД се лидери во светската економија се и можат да дадат импакт, а ние сите постапки што ги преземеме сега се фокусирани врз економијата. На Минхенската безбедносна конференција имавме билатерална средба со Бајден, јас со неколку министри и тој со својот тимот. Бајден го познава Балканот, има искуство, и очекувам од оваа администрација да ги започнеме процесите, или да ги завршиме, особено оние заеднички проекти во енергетиката. Очекуваме тука сериозни перспективи со „Ликвид натурал гас“, со заедничкиот проект во Александрополис, кој е со САД, Грција, Бугарија и целот регион, не заради американски гас, или катарски гас, туку и азербејџански гас… треба да се внесат повеќе опции на природен гас кои значат и поздрав живот и поздрава животна средина. Европски компании исто така да бидат овде присутни, да донесеме нови технологии, а со тоа вкупен раст и развој на нашата држава.“- рече Заев во интервјуто за емисијата Трилинг на телевизија 24, како коментар на изборот на Џо Бајден за нов американски претседател.