„Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“ од македонскиот автор Коста Петров се на листата на 10те најпродавани книги на Издавачките центар ТРИ за изминатата деценија, објави Prikazni.mk.
Со над 17,000 продадени примероци, „Се гледаме на врвот“, е најпродаваната македонска книга во измината деценија а авторот во изминатите 7 години има продадено над 40,000 примероци од своите книги.
Инаку, три книги од овој автор, се најдоа и на листата на најпродавани изданија на Издавачкиот центар ТРИ за 2020 година.