12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Што уште му треба на обвинителството од јавната закана кон Сарачини со сечење прсти

„Ако некој ви се заканува со сечење прсти, како на активистот Петрит Сарачини, и тоа јавно со име и презиме, и тоа член на партија, тогаш кој треба да постапи? Дали треба повеќе за обвинителството од ова што сега го кажав? Инаку, случајот е пријавен во полиција и преземени се мерки, но институцијата која треба понатаму да постапува ја нема.“- изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма, зборувајќи дека колку и да е успешна полицијата во битката со криминалот и насилниците, сепак другите надлежни органи потфрлаат.

Тој дополни дека во многу случаи полицијата постапува брзо, но потоа предметите немаат ефикасност затоа што другите институции не преземаат итни мерки.

„МВР има оддел за компјутерски криминал и дектира секакви вести, и за ширење паника, за дискриминација, за напади по други основи итн… МВР ги детектира случаите, но не функционира правосудниот систем. Секој што пријавил криминал во полиција, тоа брзо се процесуриа со оние ресурси што ги имаме, но, понатаму процесите не одат задоволително. – рече Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +