Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ и снег низ Македонија: Подгответе се за значителна промена на времето

Поради продор на студена воздушна маса од север утре попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места.

Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец поизразен утре и потоа во петок и сабота.

Прогноза за 14.01.2021
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Променливо облачно и студено, попладне и кон крајот на денот со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.01.2021
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: -4°C до 5°C
Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 16.01.2021
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: -5°C до 4°C
Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК

Лишен од слобода скопјанец, при преглед пронајдена дрога

ДЕСК

НАЈАВЕН ПРЕС ВО СДСМ: Во 12 часот и 30 минути ќе се обрати д-р Венко Филипче

ДЕСК