Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежите ќе бидат пообилни во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2.
Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така облачно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
И во понеделник ќе се задржи слично време, на места со пообилни и поројни врнежи, проследени со засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса од север, од вторник се очекува заладување со врнежи од снег на планините, а на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.