25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 196 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, од кои 27 за управување со брзина поголема од дозволената, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, информираат од МВР.