25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Со дозите со кои се фали Филипче може да се вакцинира само град колку Злетово

Филипче гадно доцни со вакцините, а се фали со дози со кои може да се вакцинира само град колку Злетово, нека погледне кај соседите да види што значи план, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацијата дека првите 5.850 дози од вакцината на Фајзер ќе стигнат во февруари, а договорени се вкупно 800.000 дози во текот на годината.

Според ВМРО-ДПМНЕ, информацијата следи со недозволиво доцнење и станува збор за многу мала доза на вакцини.

„Ова е доволно да се вакцинира отприлика само еден колку Злетово кој брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021. Детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат нема“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата, нагласува и дека додека кај нас Филипче вели оти динамиката дополнително ќе ја утврдува, регионот и земјите од ЕУ имаат многу јасна слика или детален план.

фото Pixabay/илустрација

„Грција во првата тура доби 9.750 вакцини, за веднаш следната тура на вакцини од Фајзер да биде 83.850 дози. Ова се дози на вакцини кои стигнаа до крајот на декември 2020 година. Планот на Грција кој го соопштија надлежните вели 419.250 дози исто од Фајзер до крај на јануари, 333.450 дози исто од Фајзер до крај на февруари, околу 400 илјади дози во март за до крај на март бројот достигне до 1.255.800 дози. И ова се вакцини само од Фајзер. Во првиот квартал на 2021 година Грција очекува 240 илјади дози од Модерна. Потоа 500 илјади дози од Астра Зенека до крај на јануари, исто од Астра Зенека 800 илјади дози до крај на февруари, 1.500.000 од истиот производител до крај на март, и 2.200.000 исто од Астра Зенека до крај на април. Дополнително Грција чека вакцини од Санофи, Џонсон и Џонсон и КјурВак. Премиерот на Албанија Еди Рама на првиот ден од 2021 година објави договорени се 500 илјади дози од Фајзер и даде и детали, 10.750 дози на Фајзер ќе стигнат третата недела од јануари, 30 илјади дози во февруари“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека Филипче и Заев наместо да лудуваат со мотори, за што единствено се покажале способни,треба да излезат пред граѓаните и да дадат детали за вакцините. Одговорноста пак не им бега, ќе мора да одговараат, додава опозицијата.