На 02.01.2021 во 03.25 часот полициски службеници од Одделот за организиран криминал го лишиле од слобода Х.А.(31) од с.Боговиње, тетовско, сопственик на угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, во кој претходно била спроведена акциска контрола. Притоа, во неговата канцеларија бил пронајден пиштол без сериски број и 27 куршуми калибар 9 мм, како и два гасни пиштола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.01.2021 во 19.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во с.Здуње, гостиварско, го лишиле од слобода Ф.М.(37), поради постоење основи на сомнение за недозволена трговија со дрога. При приведувањето тој агресивно се однесувал кон полициските службеници, а при извршен преглед кај него и при извршен претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.
На 01.01.2021 во 23.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.В.(47) од Скопје, кај кого при извршен преглед бил пронајден нож на расклопување, со што сторил прекршок од Законот за оружје. Тој бил приведен, при што агресивно се однесувал кон полициските службеници. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 01.01.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Т.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Струмјани“ била касната од куче скитник.
На 01.01.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека А.Џ.(16), за која нејзината мајка на 31.12.2020 пријавила дека се оддалечила од домот, била вратена дома.
На 01.01.2021 во 15.15 часот во Полициската станица Аеродром, С.Н.(47) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски Питу“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.