24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пописот кај нас е по стандарди на Евростат и треба да биде со европско знаменце

Пописот кај нас е по стандарди на Евростат и треба да биде со европско знаменце, велат од СДСМ откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се злоупотребува европското знаменце за пописот.

„Целосна лага е дека Законот за попис не треба да биде со европско знаменце, има бројни аргументи и причини зошто е и треба да биде така. Пописот кај нас се реализира според бројни правила на Евростат. Дополнително, токму во Извештајот на ЕК пописот се споменува како потребна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана. Колку е неразумното ваквото тврдење и кочење на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ говори фактот што Законот за попис и во првото предлагање беше со европско знаменце“, наведе СДСМ.

Според владејачката партија, пописот не е и не смее да биде политичка операција како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.

„Осумнаесет години не е спроведен попис во земјава и недзволиво е да се одложува затоа што е потребен за развојот на татковината. Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ. СДСМ, Владата што ја предводи и пратениците од мнозинството се подготвени да прифатат конструктивни идеи и предлози кои се реално спроведливи“, наведе СДСМ во реакцијата.