7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Џафери: Овој Божик нема масовни прослави, но убавиот збор секако го наоѓа патот до срцето

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, упати честитка до сите верници од католичка вероисповед кои големиот христијански празник, Христово раѓање – Божиќ го слават по Грегоријанскиот календар.

„Соочени со тешката година која ја поминуваме и ние и целиот свет поради пандемијата со Ковид-19, како луѓе се соочуваме со нашата кревкост и ранливост. Јасно е дека за надминување на овој тежок предизвик и навикнување на наметнатите промени во воспоставените навики и начин на живот потребна е огромна внатрешна, душевна сила и здраво резонирање на состојбата за тоа да се рефлектира и во добро здравје и позитивен дух“, порачува Џафери.

Како што вели тој, во мигови кога се ближат празниците, секој поединец има исклучително важна улога во ширењето на позитивните мисли на надеж, верба, меѓусебно разбирање и почитување, солидарност, хуманост, пожртвуваност и сплотеност.

„Сега сплотеноста се практикува на поинаков, виртуелен начин, меѓутоа, убавиот и топол збор, секако си го наоѓа патот до срцето на добронамерните луѓе“, се вели во пораката на претседателот на парламентот, кој на верниците им посакува убави празнични денови, во топлиот семеен круг, во добро здравје, мир, спокој и благосостојба.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.