сакам да се осврнам уште еднаш на образовната реформа во основното образование и да укажам дека преку неа, во наставата ќе се вклучат наставни содржини кои се клучни за нашите деца, суштински за учениците да влезат подготвени во овој нов современ дигитален свет, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.
– Во образованието вклучуваме медиумска и дигитална писменост, содржини за антикорупција, екологија, но и содржини и часови по хигиена која се покажа како круцијална во борбата со Ковид. Се разбира, новите содржини не одат на сметка на постоечките. Учениците и натаму ќе учат историја, географија, хемија, биологија и се друго што е неопходно за нивните знаења. Но за оваа работа низ дебата ќе го избереме најдобриот модел, вели Заев.