14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрана за сите летови од Велика Британија за Македонија

Министерството за здравство информира дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки односно забрана за летови од нашата земја до и кон Велика Британија до крајот на годината.

„ Дополнително мерката за задолжителна 14 дневна самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Англија, ќе важи и за патниците кои од Велика Британија по копнен пат ќе стигнат во нашата земја.

Комисјата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана“ се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК