Фејсбук статус на Коста Петров, прв човек на Фонд за иновации:
Еден месец во #ФИТР
🚀Потпишани 71 договори со вкупен износ од 3.112.339 евра, од кои 1.605.311 се ФИТР кофинансирање а 1.507.028 кофинансирање на корисниците.
🚀Подготвивме два нови предизвици за стартапи и нов повик за кофинансирани грантови.
🚀Креиравме нова годишна и среднорочна програма која за првпат вклучува стратешки фокус на стартапи, корпоративна иновативност и социјални претприемништво.
🚀Целосно ја променивме менторската програма и за првпат овозможуваме менторство за одбиени апликанти но и потенцијални корисници.
🚀Развиваме нови финансиски инструменти и стратегија за Fund of Funds.
🚀Потпишавме меморандум за соработка со Стартап Македонија и креиравме Стартап Совет.
🚀Потпишавме меморандум за соработка со Асоцијацијата за е-трговија и развиваме заедничка платформа за онлјан продажба за микро компаниите во планските региони.
🚀Во финална фаза е ребрендирањето на ФИТР со комплетно ново лого и една сосема нова приказна!
👨💼👩💼 И сето ова немаше да биде можно без беспрекорниот тим на ФИТР. Бескрајно сум благодарен на можноста да работам со толку добри професионалци!
Создаваме иднина. Заедно!