Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Следува филтрација на судството, а токму Мицкоски стравува од неа

„Нема ден а Христијан Мицкоски да не излезе со нова лага, нова конструкција на штета на граѓаните.Ако Мицкоски малку следи македонска политика ќе знае дека ветинг на судството како концепт е напуштен одамна. Следува филтрација на судството и обвинителството.Методологијата по која ќе се прави филтрацијата ќе биде објавена за неколку денови, а токму Мицкоски стравува од неа бидејќи сите оние во судството кои го штитат криминалот на неговата партија ќе бидат исфилтрирани“, соопшти СДСМ.

Според партијата, со изнесените невстини денеска Мицкоски го потврди неговот признание дека е единсвтен на браникот на криминалот, единствен кој е против реформи во правосудството.

„За разлика од него, Владата предводена од СДСМ работи на преземање чекори кои обезбедуваат силен, независен правосуден систем.Според процесот на динамка на преземените чекори до крајот на декември Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои методологијата по која ќе се изврши филтрацијата на судството и обвинителство, преку која Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе направи филтрација на своите редови, односно ќе ги одвои чесните од нечесните судии и обвинители.Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски реформи и филтрирање на судството ќе има, следува време на ред, правда и дисциплина за сите“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија. Железничкиот коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

ДЕСК

Мицкоски: Започнува изградба на културен дом во Општина Петровец

ДЕСК

Синоптичарите најавуваат значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК