25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лазаревски за Фронтлајн: Јас веќе поднесов оставка од УО на Агенција за филм, чекам повратен одговор

Новоназначениот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски во телефонска изјава за Фронтлајн изјави дека поднел барање за оставка од Управниот одбор на истата институција и дека се чека конечната одлука на Владата. Според Лазаревски, одлуката ќе биде соопштена многу скоро, веројатно на следната владина седница, најверојатно во понеделник. Во секој случај, неговата оставка не е спорна, прашање е на нејзиното службено процесирање.

„Јас поднесов оставка од фукнцијата член на Управен одбор во Агенцијата за филм на 10.12.2020. Сè уште немам право на потпис и ја чекам финалната одлука по моето барање. Значи, јас дадов оставка од ОУ и уште не сум потписник како в.д. директор во Агенцијата за филм“, изјави Лазаревски за Фронтлајн.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) излезе со изјава дека во овој случај има акумулација на функции, што е спротивно на Законот.

„Утврдивме дека новиот директор на Агенцијата за филм бил назначен без претходно да биде разрешен од функцијата член на Управниот одбор на истата институциија. Ова значи дека има акумулација на функции, што е спротивно на законот, изјави за Фокус претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Лазаревски изјавата на Антикорупскиска смета дека е нивно, субјективно толкување на Законот и вели дека според него, нема акумулација на функции.

„Сметам дека нема акумулација на функции. Законот вели дека не смее функционер да биде назначен за член на УО. Би имало акумулација на функции доколку би било обратно, ако од функција директор би ме назначиле за член на УО. Јас сè уште не сум потпишал ништо, и во секој случај нема акумулација на функции“, вели Лазаревски за Фронтлајн.

Антикорупција најави дека в понеделник ќе излезе со соопштение за целиот случај.

Владата на седницата на 15-ти овој месец го назначи Бојан Лазаревски за вршител на должноста директор на Агенцијата за филм, откако беше разрешен неговиот претходник Горјан Тозија. Антикорупциската комисија отвори предмети за работата на Тозија за предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата. Предметот ја испитуваше законитоста на ургентното исплаќање на сите филмски проекти од страна на Агенцијата за филм во март на почетокот на коронакризата.

„Транспаренси интернешнел Македонија“ на 6 јули до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Тозија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена должност, конкретно за незаконските исплати од Агенцијата, а врз основа на новинарски извешаи.

Мандатот на в.д. директотор трае шест месеци.

И.Т. Зафировска / извор Frontline.mk