Нов пакет рестриктивни мерки стапува на сила од утре.
Владата на седницата оддржана во вторникот го усвои новиот сет на мерки, по препорака на Комисијата за заразни болести.
Со новиот сет на мерки се забранува работата на кафетериите и рестораните по 18 часот за време на празниците.
На сила останува забраната за собири на јавни места, а институциите најавија дека ќе ги засилат контролите за тоа колку се почитува оваа мерка.
Од утре е забранета организирана прослава на новогодишните празници на плоштадите.
-Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас, неодамна рече министерот за здравство Венко Филипче