22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Владата забрани издавање викендички – усвоени нови рестриктивни мерки

Владата на денешната седница усвои дополнителни рестриктивни мерки за претстојниот празничен период со цел намалување на ширењето на коронавирусот.

Се забранува давање под наем на викендички и други туристички капацитети за сместување на територијата на Република Македонија за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство.

Веќе е познато дека на угостителските објекти работното време ќе им биде намалено до 18 часот, освен за оние кои вршат достава или продаваат на шалтер.

-Владата ја прифати препораката да се забрани организацијата и одржувањето на било каков тип на новогодишни прослави и прослави на верските празници, како и забрана за организирање на Нова Година на отворен и затворен простор во организација на сите физички и правни субјекти, вклучувајќи ги и јавните институции, и во оваа насока им се укажува на општините, како и на сите организации основани од локалната самоуправа, дека се забранува било какво групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници и доколку истите веќе имаат организирано, да се откажат, велат од владината прес-служба.

Освен тоа, забрането им е на хотелите да организираат прослави. Оние кои веќе имаат организирано новогодишни забави да ги откажат.

-Во угостителско сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели и слично) во нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот и да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците, и се ограничува работното време во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти заклучно до 18 часот. Со овие дополнителни мерки, Владата им укажува на верските заедници за забраната од организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, вклучително и со препораките за прослави во домашни услови, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации на територијата на Република „Северна“ Македонија, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК