Време е конечно Христијан Мицоски да се договори сам со себе дали сака лидерска средба, каква лидерска средба сака и во која форма да биде таа, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа ова го кажа откако вчера премиерот Заев најави дека до крајот на годината ќе се одржи лидерска средба, која очекува да ја свика претседателот Стево Пендаровски, но остави можност и тој да биде иницијатор на истата.
На ова се спротивстви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој посочи дека нема да присуствува на евентуална средба организирана од страна на претседателот.
„Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии, ние политичките партии да разговараме за нешто, тогаш се знае, треба да седнат политичките партии и да разговараат“, го образложи Мицкоски својот став додавајќи дека лидерска средба ќе прифати доколку е дојдена по иницијатива на Владата.