25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кузеска: СДСМ во Штип доби повеќе гласови од предвремените парламентарни избори

Со освоени речиси 12 илјади гласа, СДСМ доби повеќе гласови од предвремените парламентарни избори пред 4 месеци, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, со тоа, штипјани дoкажале дека знаат да ја препознаат вистинската вредност.

„Граѓаните на Штип му ја дадоа довербата на кандидатот на СДСМ, д-р Сашко Николов, и јасно покажаа дека се за напредок и развој, за грижа и поддршка за сите. Штипјани кажаа ‘да’ за решенија, одговорност и просперитет и ‘не’ за опасност и нестабилност Токму ова е потврда за сите наши политики, потврда за квалитетот на кандидатот кој од Штип ќе направи дом еднаков за сите граѓани“, рече Кузеска.

Таа истакна дека ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, немале храброст да се соочат со противкандидат и граѓаните на Штип, па кукавички без да учествуаат на овие избори правеле опструкции со цел да наштетат на процесот.

„Штипјани решително гласаа за концептот кој оди по европскиот пат и ја поразија деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните на Штип испратија јасна порака и до бојкотирачот Мицкоски, граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, избраа грижа, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии. Без притисоци, уцени или закани како во некое режимско време, граѓаните застанаа зад чесната понуда и програма на СДСМ и д-р Сашко Николов. Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата. Ова е уште еден пораз за ВМРО-ДПМНЕ, за деструктивноста на опозицијата, која нема став за ниту едно клучно прашање“, додаде Кузеска.