26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев по победата: Народот кажа ДА за напредок и грижа за Штип и НЕ на блокадите и лагите!

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ, ја пренесуваме интегрално:

Нека е честито штипјании!

Успеавте! Успеавме заедно сите!

Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип!

Срцето на македонскиот исток е во сигурни раце!

Имавме успешен, победнички ден. На фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни за здравјето избори, победи вистинскиот кандидат, победи доктор Сашко Николов. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот и напредокот на овој македонски град!

На граѓаните на Штип им благодарам за одговорноста што ја покажаа за својата општина. Благодарам и за доверба во СДСМ, во институциите што ги водиме и патот по кој одиме.

Довербата што ни ја дадовте ни значи многу и ќе оправдаме!

Ви благодарам што покажавте висока одговорност и демократска свест, што покажавте чувство за својот град, за своето место, да продолжи да се развива, да не застане.

Македонскиот народ, сите граѓани во Штип од сите етнички заедници има на што да бидат горди.

Денеска граѓаните на Штип испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот, кој повторно избега од својот народ.

Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип, кон центарот на македонскиот Исток.

Кажаа ДА за напредокот на Штип.

Да, за грижа, одговорност и стабилност!

НЕ за блокадите. НЕ за бојкотот.

НЕ за лаги, стравови и хистерии!

Не дозволува овој народ блокади, кочења, уназадувања.

Почитувани,
Му честитам на Сашко Николов за победата, му посакувам успешен мандат и успешна реализација на сите зацртани проекти.

Нема сомнеж дека Николов ќе го вложи сиот свој потенцијал за да му помогне на родниот град и родната општина, за да се посвети да работи за доброто на неговите сограѓани.

Сашко, нека е честито. Довербата од граѓаните верувам дека ќе ја оправдаш. Вашата Влада и Парламент ќе бидат овде да помогнат, да продолжи да се развива и разубавува уште повеќе вашиот и наш Штип.

Со тебе сме Сашко! Со вас сме Штипјани!

Да живее Штип!