Резултатите во живо може да се следат преку Centar.mk со клик на овој линк.
Приватниот сектор до крајот на годинава треба на вработените да им исплати регрес за годишен одмор или попознат како К-15. Работодавачите кои тоа не го сториле досега, ќе треба во следните 15 дена да ја исполнат оваа обврска која е уредена со Општиот колективен договор за приватниот сектор.
Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 10.884 денари.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, минималниот износ за К-15 за оваа година ќе биде 10.884 денари денари за нето износ или 12.093 денари бруто износ.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.