23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студија на ЕУ го посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како извор на дезинформации

Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е наведен заедно со оние на Миленко Неделковски и Никола Груевски како извор на дезинформации. Во студија на ЕУ се наведуваат и повеќе македонски медиуми, јави Дојче Веле.

Дезинформациите остануваат моќна сила кои ги нарушуваат состојбите во внатрешната политика во Северна Македонија, иако по промената на власта, тие се истуркани на маргините, се наведува во студија објавена на страницата на Европскиот парламент. Студијата е изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент и објавена на неговата интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“.

Во неа поименично се наведуваат медиумите финансирани од унгарски бизнисмени во Северна Македонија како главни извори на дезинформации, но исто така се посочува и на профилите на социјалните медиуми на повеќе личности, меѓу нив, и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавува Дојче Веле на македонски.