22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Арсовски се вади од гаф со омраза: „Да живее Зоран Заев!…Не може да живее Зоран Заев!“!

„Да живее Зоран Заев…“, извика портпаролот Димче Арсовски, во обид да ја крене атмосферата на денешните пропаднати протести на ВМРО-ДПМНЕ од 50 души пред Владата!

Откако увиде што направи, Арсовски се обиде да се извади од гафот пред малубројната толпа, овојпат – со говор на омраза: „Не слушнав реакција…ајде уааааа…Нормално не може да живее Зоран Заев, да живее Република Македонија…“

Арсовски и неговиот шеф Мицкоски со недели го повикуваат „народот“ на улица. Одговорот на граѓаните со присутноста е поразителен за ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно, никој веќе нема доверба ниту сака да се покрене поради партијата што цела деценија ја уништуваше систематски земјата, а не се извини и покаја за тоа. Арсовски и ваквите очајни јавни настапи се само приказ за очајот, нервозата и распадот што подолго владее во ВМРО-ДПМНЕ.