22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

ПЕС: Заев го најде патот во ќор- сокакот отпорен на опасните игри на опозицијата

-Двете земји ќе го паметат говорот на омраза во регионот за време на претходната конзервативна влада. ВМРО-ДПМНЕ го наруши дијалогот со Бугарија, Грција и целиот регион, со што пристапот во ЕУ стана невозможен сон. Под нивни мандат, Северна Македонија доживеа една деценија замрзнати интеграции и проблематични односи со соседните земји. Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да игра опасни игри со говор на омраза, предизвикувајќи конфронтации. Ова не е иднината што ја сакаат луѓето во Северна Македонија. Социјалдемократската влада на Зоран Заев ја водеше Северна Македонија кон почетна точка на преговорите со ЕУ и тој останува најдобрата личност да го продолжи тој процес, доколку и се даде шанса на земјата – се наведува во изјавата на Претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) дадена во пресрет на конечната одлука за Северна Македонија.

ПЕС отворено зборува дека единствена европска опција во Северна Македонија се Зоран Заев и СДСМ кога посочуваат дека помеѓу соседите е неопходен длабински дијалог.

-Премиерот на Северна Македонија, Зоран Зеав продолжува да демонстрира храброст и лидерство додека бараше пат низ ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен таков длабок дијалог. Брзиот почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијаат на долгорочната врска меѓу Бугарија и Северна Македонија, исто така како и на целиот регион на Западен Балкан. Време е сите да постапат одговорно и со мудрост, водено од визијата за заедничка европска иднина- стои во изјавата.

ПЕС е загрижена за национализмот и говорот на омраза кој е во подем во двете држави.
-Партијата на европските социјалисти е разочарана од преговорите за пристапување во ЕУ за Република Северна Македонија која се соочува со ран удар, по најавата на бугарската влада дека засега го блокира процесот. Политичката мудрост на двете земји е ставен на тест – само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи во регионот може успешно да ја надминат оваа пречка.
Европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување за Западен Балкан. ПЕС го поздрави одобрувањето на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март годинава и нацрт-рамката за преговори претставена на земјите-членки во јули – се наведува во изјавата на ПЕС.