8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спречен шверц на кафе од Албанија

Вчера во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија.

По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Аврамов: На гевгеличани треба да им се слушне гласот, не да им се купува тишината

ДЕСК

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

ДЕСК

Славјанка Петровска се прости од Панчо Минов со емотивен статус: “Ме виде и ми рече ти само пишувај си, јас че ти кажувам кога црвено, кога зелено”

ДЕСК